ЕУ и ја одбри последната исплата помош на Грција од милијарда евра

by fokus

Европоскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) ја одобри исплатата на последната транша од меѓународната макрофинансиска помош за Грција во вредност од една милијарда евра, се наведува во соопштението од ЕСМ.

Советот на директори на ЕСМ дал указ да се деблокираат  една милијарда евра наменети за Грција, се вели во докуметот. Траншата беше одобрена од Еврогрупата во март, но трансферот на парите беше одложен до исполнувањето на условите кои меѓународните кредитори ги  бараа од Атина. Средствата ќе бидат доставени под формата преференцијален кредит.

Грчкиот Парламент денеска усвои нов пакет економски реформи, од чие спроведување зависеше исплатата на нова транша од 12 милиони евра од програмата за помош на Грција, која истекува во август.

Реформскиот пакет беше усвоен со 154 гласа „за“ и 144 „против“.

Новите реформи вклучуваат мерки за забрзување на приватизацијата во енергетскиот сектор и измени во даноците за имот. Овие мерки треба да стапат во сила по завршувањето на програмата за помош, по што на нив ќе се надоврзе дополнителното намалување на пензиите во 2019 година и понискиот праг за даночно ослободување од 2020 година.

Поврзани новости