ЕУ го активираше механизмот за помош на Грција, каде е регистриран најголемиот пожар досега

by Fokus

Грција се соочува со „најголемиот пожар некогаш регистриран на територијата на Европската унија“, изјави портпаролот на Европската комисија, истакнувајќи дека 27-те земји-членки на ЕУ во моментов мобилизираат речиси половина од заедничките европски воздушни сили за да и помогнат.

За помош на Грција беа испратени 11 авиони и еден хеликоптер од европската флота. Огнената стихија го зафати Националниот парк Дадија на североистокот на земјата. Таму се испратени и 407 пожарникари, изјави портпаролот на ЕК Балаж Ујвари.

Овој месец Грција го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ по втор пат ова лето, а ЕУ распореди 11 противпожарни авиони од Хрватска, Франција, Германија, Шпанија, Шведска и Кипар, хеликоптер од Чешка, 407 пожарникари и 62 возила од Бугарија., Кипар, Чешка, Франција, Романија, Словачка и Србија.

 

Поврзани новости