ЕУ бара неутралност од Белорусија, Лукашенко повикува на преговори

by Фокус

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предложи да се одржат руско-украински преговори во Минск, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извештај на белоруската новинска агенција Белта.

-Можно е, и сосема е реално, да се запре овој конфликт и да се решат сите прашања. Можеби ќе ме послушаат. Не сакаме да бидеме посредници во овие можни разговори во Минск, не ни треба никакво посредување – рече Лукашенко.

Според него, за да се спречи крвопролевање и да се запре ескалацијата, неопходно е да се започнат преговори. Но, тој нагласи дека Русија никогаш нема да седне на преговарачка маса доколку претходно не се договорат прашањата за кои ќе се разговара.

-Русија ги предложи овие прашања меѓу другите на НАТО, Америка и Украина. Пет или шест прашања. Има две-три прашања поврзани со Украина. Првата е демилитаризација на Украина, спречување на Украина да влезе во НАТО и прекинување на употребата на сила против Доњецк и Луганск. Можно е да се покренат некои други прашања – изјави Лукашенко.

Притоа, тој изјави дека добил „информации дека во Полска и Литванија се формираат групи кои ќе напаѓаат, ќе минат низ Белорусија по воздушен и копнен пат и ќе удрат зад руската група зад Полска кога ќе почне конфликтот со Украина.

-Сите тие факти што се кријат од медиумите покажуваат дека тие (Украина) веројатно го сакале тој конфликт. Тие не направија ништо за да го спречат. Тие постојано стануваа се полоши и полоши. Дури и по признавањето на независноста на тие републики (ДНР и ЛНР) – рече Лукашенко.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска ја повика Белорусија да не „учествува“ во руската офанзива во Украина, бидејќи Киев тврди дека Русија ја користи белоруската територија за својата инвазија.

-Апелирам до Белорусија и нејзиниот народ. Имате избор да не ја следите деструктивната акција на Русија. Имате избор да не учествувате во оваа непотребна трагедија против вашите соседи во Украина – рече европскиот функционер.

Инаку, четири балистички ракети беа лансирани од територијата на Белорусија кон територијата на Украина, изјави денеска началникот на Генералштабот на Украина Валериј Залужни. Засега нема повеќе информации за наводите на Залужни.

Поврзани новости