Богојевски: Има најава за исклучување од ВМРО-ДПМНЕ за сите оние кои излегоа да гласаат

by fokus

Реформаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојевски, вели дека очекува да следат нови разрешувања од раководните структури на партијата, откако Извршниот комитет на десничарите вчера одлучи да го разреши него.

Како што вели тој, членството на партијата кое излезе да гласа на референдумот трпи секојдневни навреди и понижувања од своите сопартијци кои ги нарекуваат предавници и северномакедонци

-Буквално ја уништија нацијата, не можам да бидам дел од таа партија се додека трае тоа насилство. Кој е тој метод на евидентирање кој отишол да гласа? Ова разрешување за мене е олеснување – вели Богојевски во интервју за НОВА ТВ.

Според него духот на Груевски е се уште присутен во партијата, поради што е речиси невозможно таа да се трансформира.

-Мене ми беше основна задача тој да биде истиснат од мермерната палата, за жал не успеавме да го поразиме и се уште е во палатата меѓу нас. Знам дека е така бидејќи кога ќе се сретнеме на улица гледам дека има остатоци од тоа поведение. Сите луѓе од порнешното раковдство на партијата се дел од груевизмот – смета Богојевски.

Според него околу 250.000 членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ не излегоа да гласаат.

Неговото разрешување, пак, вели тој, е порака што треба да се исрпати до оние што излегоа да глсаат, да знаат што да очекуваат.

-Има најава за исклучување на сите кои имаат различен став од партијата, односно сите оние кои не бојкотираа се предмет на отстрел. По вчерашното соопштени на ИК сум длабоко загрижен по кој правец се движи партијата – додава тој.

Поврзани новости