Блокирана сметката на фирмата „Диамед Македонија“

by fokus

Македонските власти ја блокирале сметката на Диамед Македонија, фирма на Ристо Новачевски, кумот на екс премиерот Никола Груевски која ги имаше приватизирано  деветте центри за дијализа во државата, неофицијално дознава НОВА.

Нашите извори велат дека 10 милиони евра, пари добиени од продажбата на фирмата биле префрлени во Монако, по што македонските надлежни институции ја замрзнале сметката на фирмата за 10 милиони евра.

Фирмата Диамед Македонија ја купи Дијаверум  кој со центрите за дијализа ќе оперира до 2034 година. Како што и официјално се изјаснија на почетокот на месецот Вера Иванова која што беше официјален сопственик на Дијамед Македонија, останува да менаџира со Дијаверум.

Поврзани новости