Заев не сака да каже кои министри ќе бидат сменети, уверува дека Мендух Тачи нема да биде член на Владата

by fokus

Премиерот Зоран Заев одби да каже кои министри на СДСМ ќе бидат сменети откако во јавноста протекоа шпекулации дека реконструкцијата на Владата ќе го опфати министерот за култура. Како што изјави Заев, постигнати се договори со ДПА и БЕСА.

Тој прецизираше дека Мендух Тачи нема да биде член на Владата на новинарско прашање во врска со бомбата каде Тачи му ветува безусловна лојалност на Мијалков.

– Доверба е релативна работа, јас зборувам за имиња и презимиња. Тоа е призмата низ која се обидуваме да разговараме. Можам само да кажам дека Мендух Тачи нема да биде член на владата. Имињата не би сакал се уште да ги соопштам, процесот на одлучување е се уште во тек. Внимателен сум и не сакам да си играм со судбината на некои личности. Веднаш штом ќе бидат познати имињата ќе го споделам тоа – рече Заев.

Поврзани новости