Не си фраер ако загинеш на матурска вечер!

by Fokus

Во пресрет на матурските вечери, полицијата од Кавадарци одржа повеќе средби со матурантите, на кои што им беше укажано дека и за време на веселбите треба да се почитуваат законските прописи поради лична, но и поради безбедност на другите.

И кавадаречките матуранти од гимназијата Добри Даскалов, ЕМУЦ Киро Спанџов – Брко и ЗШУЦ Ѓорче Петров упатија пораки за безбедни матурски вечери. Со испишани пароли – Не си фраер ако загинеш на матурска вечер, Не дозволувајте само една погрешна постапка да уништи се, Драги матуранти, другарувајте, забавувајте се, танцувајте, матурантите порачаа дека се вклучени во оваа кампања и како одговорно ќе се однесуваат за време на забавите.

-Мислам дека матурантите го положија испитот на зрелоста. Со големо внимание ги проследија информациите кои им беа презентирани во врска со матурските вечери и нивната безбедност и активно се вклучија во оваа кампања. Нека им е со среќа и со успех понатамошното нивно школување – изјави Димитар Каракулев од ПС Кавадарци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости