Вработен во Министерство за одбрана удрил шамар на еден колега и им се заканувал на останатите

by fokus

Вчера во 16.50 часот  во полициската станица во Пробиштип, З.А.(54) пријавил дека околу 14.50 часот во работната просторија  во одделението за одбрана при Министерството за одбрана – Пробиштип влегол М.И.(45) од Пробиштип вработен во секторот за туризам и услуги при Министерството за одбрана во која канцеларија се потпишувал дека се има јавено на работа.

Во тој момент М.И. почнал да упатува сериозни закани по животот и телото кон присутните вработени , упатувајки и пцовки, а потоа се упатил кон Г.А.(46) од с.Злетово и му удрил еден шамар и понатаму продолжувајки со  закани кон останатите присутни. М.И. вакви закани кон вработените упатувал повеќе пати.

Лицето е повикано во Полициска станица, во моментов се врши разговор со него. Се работи на целосно комплетирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости