Заев: На чинот на гласањето ќе знаеме дали имаме 2/3 мнозинство за уставните измени

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, изјави денеска дека се уште работи на тоа да обезбеди 2/3 мнозинство во парламентот за уставните измени. Како што рече тој, дебатата ќе почне на 9-ти јануари и иако е предвидено да трае десет дена, очекува да трае два или три, бидејќи ќе биде бојкотирана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев изјави дека очекува сериозен пристап од лидерите на БЕСА и Алијанса за Албанците.

-Конечната бројка на пратеници ќе ја знаеме на чинот на гласање, кој ќе биде резултат на самата дебата, резултат на задоволството на пратениците. Ќе сторам се до последен момент да обезбедам 2/3 мнозинство. Тоа ќе и го соопштам на јавноста во моментот на гласањето. Оптимист сум пред се поради одговорноста која ја чувствуваат сите пратеници, но и извршната власт дека имаме одлични шанси овој процес да го завршиме. Продолжуваат разговорите со сите. Ќе се сретнеме со Касами од БЕСА каде ќе разговараме за се што тој мисли дека треба. Драго ми е што БЕСА и Алијанса за Албанците на Села се недвојбени поддржувачи на интерграциските процеси. Од нив очекувам сериозност и одговорност каква што имам јас – рече Заев.

Поврзани новости