Судот амнестираше уште пет лица за 27 април

by fokus

Уште пет лица обвинети во предметот за 27 април, се амнестирани со одлука на Кривичниот суд, а согласно Законот за амнестија, изгласан во Собранието.

Од судот соопштија дека се уважени пет барања на обвинети лица, по претходно добиено мислење од надлежното обвинителство.

„Судот ги уважи барањата на А.С., Д.М., Д.В., С.П. и Б.М. опфатени во предметот со К.бр. 752/17. Со овие решенија Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во законски утврдениот рок постапи, донесе решенија и истите ги достави до странките по однос на сите барања поврзани со Законот за амнестија на настаните од 27 – ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија“, соопштија од таму.

Од судот додаваат дека сите преостанати барања се одбиени како неосновани.

Поврзани новости