Српската глумица Неда Арнериќ пронајдена без свест во нејзиниот стан

by fokus

Српската глумица Неда Арнериќ синоќа била итно пренесена во Ургентниот центар во Белград откако била пронајдена без свест во својот стан.

Српските медиуми пишуваат дека актерката ја пронашол нејзиниот брат откако не одговарала на телефонските повици, така што ја разбил вратата од станот со помош на бравар. Арнериќ лежела неподвижна на под поради што била повикана екипа на Брза помош.

Локалните медиуми пишуваат дека глумицата се обидела да се самоубие, но тоа се непотврдени информации.

Инаку, сопругот на Арнериќ почина кон средината на декември. Српските медиумите за тоа дознаа еден месец подоцна, бидејќи, како што пишуваат, актерката не сакала да ја сподели таа информација.

Арнериќ вчера требаше да присуствува на проекција на нејзин филм, но не се појави.

Поврзани новости