Се запали автомобил во Тетово со тригодишно дете внатре

by fokus

Пожар кој избувнал во автомобил „Ауди А3“ на паркинг на улицата „Илинденска“ во Тетово, бил пријавен вчера попладне во полицијата.

-Возачот А.Н. (42) од село Ларце, Желино го паркирал возилото и го оставил да работи, со цел на кратко да влезе во блискиот сервис, а во возилото останало неговото тригодишно дете. Во  еден  момент, од  возилото почнал да излегува чад од задниот дел и сопственикот веднаш се вратил и го извлекол детето. Пожарот за кратко се проширил во целото возило. Автомобилот целосно изгорел, освен делот кај моторот, кој бил  делумно изгорен, информираат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијална противпожарна единица–Тетово.

Причинета била материјална штета од околу 240.000 денари.

Увид  на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на настанот.

Поврзани новости