Обвинет за нападот врз Села врзан за кревет откако бил претепан, семејството бара помош од Филипче

by fokus

Семејството на претепаниот Стојан Павлески апелира до министерот за здравство да изврши увид во Клиниката за Трауматологија, каде Павлески е хоспитализиран, со скршеници на пршлените и излив во мозокот. Тие се жалат дека персоналот на Клиниката не се грижи доволно за него, дека Павлески не е контактибилен поради терапијата која ја прима и дека има отворени рани кои му загнојуваат

Павлески беше обвинет за нападот врз Села во Собранието на 27 април. Како што вели неговата сестра, видео снимките не успеале да го докажат неговото учество во нападот. По осум месеци судење, судот го осуди на условна затворска казна.

При крајот на септември 52-годишниот Павлески беше нападнат од три непознати лица на влезот од Зелен пазар. Тој и уште едно лице лежеле во паркот кога пристигнале полициски службеници и Итна медицинска помош, по што биле пренесени во Клинички центар. Од тогаш семејството вели дека почнала нивната голгота која трае веќе три месеци.

„Брат ми, Стојан Павлески, лежи непокретен, веројатно веќе со дистрофија на мускулите во екстремитетите, лежи засмрден од развиениот декубит- гнојни рани по телото, кои се јавуваат од лежење. Постојано го држат под седативи и едвај зборува сега, а зборува по малку откако ќе помине дејствието на седативите. Ние го храниме, ние го облекуваме, ние го негуваме и тоа 24 часа во денот. Медицинската нега е под нивото на човештината. Инаку, за појаснување: Брат ми Стојан Павлески е чесен МАКЕДОНЕЦ, патриот. Тој влезе со групата патриоти во Собранието на 27-ми април и беше уапсен со Обвинение дека го нападнал Села. Видео снимките покажаа дека тој не е виновен според обвинението, бидејќи го немаше на видео снимките и Судот го ослободи. Но, „соживеаните со нас“, не му простија дека е ПАТРИОТ. Сега сите заедно, по наредба го умираат!“, напиша на Фејсбук неговата сестра, Вера Митевска.

„Фокус“ побара изјава од Села за информациите дека нападот врз Павлески е поврзан со неговото учество во Собрание, но тој одби да даде коментар додавајќи дека не може секој инцидент да се поврзува со него.

До Министерот Венко ФилипчеГосподине Филипче,Ова писмо го пишувам као ЧОВЕК, жител на држава која претендира да влезе…

Publiée par Vera Mitevska sur Jeudi 17 janvier 2019

Поврзани новости