Мијалков доби уште 30 дена куќен притвор

by fokus

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, доби нови 30 дена куќен притвор за случајот „Империја“ откако СЈО бараше продолжување на оваа мерка, потврдија од Апелациониот суд во Скопје.

Адвокатите на Мијалов веќе најавија дека ќе поднесат жалба до Врховниот суд, кој донесе правно мислење дека за истрагите отворени по истекот на рокот од 18 месеци, СЈО е неовластен тужител. Меѓу овие истраги спаѓа и предметот „Империја“.

Покрај Мијалков, во истрагата во овој предмет, опфатени се и Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Поврзани новости