Михаил Пановски, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија никогаш нема да добие подобар договор од овој

by fokus

Меѓу првите пратеници на независна Македонија, кои денеска ги повикаа граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот, беа и поранешни пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од групата беа Ѓулистана Марковска и Михаил Пановски.

Во изјава за медиумите Пановски рече дека според него Македонија нема никогаш да добие подобар договор со Грција од овој.

На прашање за официјалниот став на партијата, тој рече:

-Претседателот на нашата партија Христијан Мицкоски јасно кажа дека секој од членовите може да го искаже своето размислување и да гласа како мисли. Дали некој ќе биде за, против или ќе бојкотира е право на секој член на ВМРО-ДПМНЕ. Јас сум убеден дека Македонија нема да добие никогаш повеќе подобар договор од овој. Во Грција никогаш нема да има подобар премиер од Ципрас – рече Пановски.

Според него Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО интеграциите.

-Моето потекло е од Егејска Македонија, моите се од таму. Во граѓанската војна мајка ми ги изгуби братот и сестрата. Можам да кажам дека сите досегашни премиери во Грција се од онаа монархо фашистичка матрица што владее во Грција со години. Ципрас е единствениот премиер чија фамилија потекнува од демократската армија на Грција кои се бореа заедно со нашите претце, Грци и Македонци заедно, независно што биле комунисти. Убеден сум дека ваков договор Македонија не може да добие – додаде тој.

Поврзани новости