Жерновски: НАТО и ЕУ очекуваат непречено спроведување на референдумот и на Договорот со Грција

by fokus

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, кој е дел од македонската делагеција на 73. Генерално собрание на ОН, вчера присуствуваше на повеќе настани на високо ниво, додека денеска свое обраѓање пред ГС ќе има Претседатеот Ѓорге Иванов.

Тој свое обраќање имаше на состанокот на иницијативата на ЕУ “Алијанса против трговијата со инструменти за тортура”, каде Македонија се приклучи кон заедничкото коминике на државите- учеснички, потврдувајќи ги националните ставови за почитување на човековите права и минимизирање на нехуманите практики и деградирачкиот третман кон луѓето.

Жерновски присуствуваше и на традиционалната годишна трансатлантска вечера, организирана од државниот секретар на САД, Мајк Помпео, на која присуствуваше и генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенбер, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

– Впечатокот од приемот, како и разменетите мислења со присутните, ја потврдуваат споделената визија за РМ како идна рамноправна членка на НАТО, од страна на сите постоечки членки на Алијансата. Изразени беа очекувањата за непречено спроведување на претстојниот референдум, следствено и успешна имплементација на потпишаниот меѓународен договор со Грција, изјави Жерновски за МИА.

Поврзани новости