Излетал од патот, удрил во дрво, а потоа во паркирани возила, повредени три лица во тешка сообраќајка синоќа во Скопје

by fokus

Тројца скопјани синоќа се здобиле со телесни повреди, откако доживеале тешка сообраќајка на улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Според билтенот на МВР сообраќајната несреќа се случила околу 01.25 часот кога патничко возило „Шеврлолет круз“, управувано од В.Б.(47) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво, а потоа и во паркирани патнички возила „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки.

„Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди. Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, информираа од полицијата.

Поврзани новости