558
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Ѓорчев, од собраниската говорница денеска во парламентот и порача на власта да престане, како што рече, да го малтретира кардиологот Сашко Кедев. Според него Кедев е деградиран за неколку скалила.
-Анонимуси го малтретираат Сашко Кедев. Не за друго туку ќе отиде во странство, па пациентите ќе треба да одат на приватно да се лекуваат. Ова ги го посочувам чисто како пример и парадигма за стотици луѓе. Исто така го малтретирате и Едмон Темелко, а човекот не може да оди. Нема друга држава која си ги матретира своите градоначалници од други држави – рече Ѓорчев.