Премиерот, Зоран Заев, на денешната седница во Собраниет, одговарајќи на пратенички прашања, се осврна и на полициската акција во саботата вечерта во која беа приведени неколку лица и извршена инспекциска констрола во седум ноќни клубови.
-Никој не потврди зошто имало оружје без дозвола во еден локал, зошто е најдена дрога во самите дискорите. Да има реакции, има реакции и од пратеници од парламентарното мнозинство. Но тоа е само доказ дека законот важи подеднакво за сите. Испративме апел забелеши да дадат и сопствениците и граѓаните. Но не можете да гарантирате безбедност ако нема внимателен пристап. Акција е спроведена во повеќе објекти од 47 полицајци. Се работи за огромни маси на граѓани. Ако има слабост во делот на постапувањето на полицијата тоа ќе биде санкционирано, до сега нема доказ за тоа. Имам реакции и од мои лични пријатели кои се негативни кон полицијата, но да ги чуеме сите детали – рече Заев.