Заев ја убедуваше опозицијата дека Македонија добила датум за преговори: За тоа работела и поранешната Влада на ВМРО-ДМНЕ

by fokus

Премиерот Зоран Заев, денеска ја убедуваше опозицијата во Собранието дека Македонија добила датум за почеток на преговори со ЕУ. На прашање на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски „Дали македонија навистина доби датум за почеток на преговори“, Заев одговори:

-Конечно ве поканувам да го прославиме тоа, да Македонија доби датум, јуни 2019 годин. Скрининг почнува наскоро овде во Македонија. Доказ дека е добиен датум е дека Европскиот Совет никогаш нема да се навраќа на Македонија и да утврдува датум за преговори. Ова се сериозни арументи. За ова работела поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни влади на СДСМ и конечно треба да се израдуваме за тоа. Убаво е некогаш заедно да се израдуваме. Претседателот на европскиот совет излезе на прес конференција заедно со мене и го поздрави тоа, комесарот Хан го потврди тоа, а ќе дојде и во Македонија да го потврди – рече Заев.

Поврзани новости