Димитров за Иванов: Не може мене да ми биде претседател таква немоќ!

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, го нараче симбол на немоќ и на изгубеност претседателот на државата, Ѓорге Иванов, поради неговата одлука да го бојкотира референдумот.

Тој што треба да биде татко на нацијата, вели Димитров, не гледа дека сега е потребно обединување на народот.

-Кончно имаме договор каде што има македонски јазик, македонски народ, Македонец, Македонки, кој што отвора врати за напред, и он вика „јас нема да излезам“. Страшно е тоа луѓе, не ми се верувам. Срамота е! Немоќ. Одбивам, не може мене да ми биде претседател таква немоќ. Симбол на немоќ и на срам и на изгубеност – рече Димитров од трибината во Делчево која се одржа во понеделникот.

Делчево (24.09.2018)

За Иванов, тој што требаше да биде татко на нацијата.

Publiée par Никола Димитров – Nikola Dimitrov sur Mardi 25 septembre 2018

Поврзани новости