Четири кучиња нападнаа жена во Илинден, ја гризнале за грб и ја влечеле по земја

by fokus

38-годишна жена од населба Илинден се здоби со тешки телесни повреди откако вчера изутриината била нападната од четири кучиња скитници, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Настанот се случил околу 07.30 на улицата со број 19 во Илинден. Четири кучиња скитници ја нападнале 38-годишната Џ.Б. при што едно куќе ја каснало во пределот на грбот.

Откако паднала на асфалтот другите кучиња ја влечеле за облеката, по што минувачи дошле на помош и ги избркале кучињата.

Оштетената побарала лекарска помош во Ургентен Центар- Инфективна клиника каде и е констатирана телесна повреда и е пуштена на домашно лекување.

Поврзани новости