Богдановиќ и општински службеници од своја плата ќе ги наградуваат оние што ќе пријават расфрлан отров

by fokus 16:12
16:12

Во акциите на Општина Центар и полицијата до сега е пронајден отров наменет за кучиња скитници во месо и во приготвена храна од ресторани на неколку локации. Расфрлан отров е пронајден кај Клубот на новинари во близина на Соборниот храм, во Капиштец, Буњаковец и кај Државна болница.

-Очигледно се работи за организирана акција која не ја прават едно или две лица. Тешко се доаѓа до сторителите – изјави денеска градоначалникот.

- Advertisements -

За да се пронајде навреме отровот на јавните површини, Богдановиќ најави дека тој и дел од вработените во Општината ќе донираат од своја плата за оној кој ќе даде таква информација.

-Ќе донираме од своите плати за да се обезбеди награда за оние граѓани кои што ќе пријават расфрлан отров за кучиња – посочи тој.

Општината добива по минимум пет пријави на ден за расфрлан отров на нивна територија.

 

Поврзани новости