Ректорот Јанкуловски се закити со медалот – крст на честа од амбасадата на Австрија

by fokus

Професорот д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се закити со медал, највисокото признание – крст на честа за наука и уметност, прва класа, од амбасадата на Република Австрија во на свеченоста организирана по повод Националниот празник кој се одржа на 24 октомври оваа година во Македонската опера и балет.

Овој медал, австриската влада му го додели на проф. Јанкуловски поради неговите заслуги и големиот придонес за востановување на нова и унапредување на постојната образовна и научноистражувачка работа помеѓу УКИМ и австриските високообразовни и научноистражувачки институции.

Заложбите на проф. Јанкуловски за развивање и унапредување на оваа соработка започнале за време на неговите два мандата како декан на Медицинскиот факултет при УКИМ и се интензивирале за време на неговиот мандат како актуелен ректор на УКИМ.

Поврзани новости