Ердоган демократ: Без разлика на резултатите, победи турскиот народ и демократијата

by fokus

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека ја почитува волјата на народот изразена на вчера одржаните претседателски и парламентарни избори во Турција.

-Без разлика на резултатот, победник на изборите на 14 мај беше турската демократија и турскиот народ, рече Ердоган и додаде дека неговата Народна алијанса ќе победи во вториот круг од претседателските избори на 28 мај и се надева на историски успех.

Првиот круг на гласање на претседателските избори заврши така што ниту еден кандидат не успеа да го помине потребниот праг од 50 отсто, па затоа ќе има и втор круг.

Поврзани новости