Емотивно збогување од Михајловиќ: Синиша засекогаш!

by Фокус

Колку Синиша Михајловиќ беше респектиран како фудбалер и тренер, најголем доказ е денешниот број на “Газета дело Спорт“, најпопуларниот спортски весник во Италија.

Утринава „Газета“ излезе со насловна страна, на која покрај вообичаеното – Чао Михајловиќ 1969 – 2022, во преден план е големиот наслов: Синиша засекогаш!

Најемотивната порака ја има неговата помлада ќерка Вирџинија, која со трогателен текст се прости од прерано починатиот татко.

„Тешко е, тато. Тешко е. Во овој момент на големо страдање, се што ми треба е твојата прегратка. Не било каква прегратка, твојата. Измешана со твојот парфем, кој, како и твојата душа, се задржува. И секој што те познава знае што мислам“, напиша Вирџинија Михајловиќ.

Исто така, се огласи и сопругата на Михајловиќ – Аријана, која напиша:

„Кога веќе нема да бидеш дел од мене, ќе направам илјадници ѕвездички од сеќавањата на тебе и тогаш небото ќе биде толку убаво што цел свет ќе се заљуби во ноќта“.

 

Поврзани новости