ЕМА почна проценка на бустер доза за тинејџери

by Fokus

Европската агенција за лекови (ЕМА) почна ревизија за да процени дали вакцината против Ковид-19 на Фајзер и Бионтек може да се користи како трета дополнителна вакцина кај адолесценти на возраст од 12 до 15 години.

ЕМА во денешното соопштение наведува и дека во тек е ревизија на примената на бустер доза на вакцината за тинејџери на возраст од 16 и 17 години.

Германскиот комитет за вакцини минатиот месец препорача да се даде дополнителна доза за деца на возраст од 12 до 17 години, по првичната имунизација со две дози, имајќи предвид дека стапката на зараза продолжува да расте, особено кај младите, додека сите други земји во регионот го следеа примерот.

Поврзани новости