Елмас: Не сакам бате Горан да оди во пензија!

by Fokus

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, најави дека ќе се пензионира по завршувањето на настапите на Европското првенство, но голем број од неговите соиграчи го убедуваат да се предомисли.

Талентираниот Елмас посака Пандев да не рече збогум на фудбалот после завршувањето на ова европско натпреварување.

„Не знам дали мечот против Холандија в понеделник ќе му биде последниот натпревар на бате Горан, но и по ова Европско првенство имаме важни натпревари, нè чекаат квалификациите за Светско првенство, а тој ни е потребен во тимот. Не сакам да оди во пензија. Но, ако тоа се случи, сакам да го испратиме на еден убав начин. Јас посакувам и се надевам дека нема да се откаже после овој натпревар против Холандија“, рече Елмас.

Фото – ФФМ

Поврзани новости