Во Москва голем пожар во складиште за пиротехника

by Fokus

Огнот зафати петарди и други направи исполнети со барут, соопшти Службата за итни ситуации
Голем пожар изби во Москва, во складиште за пиротехника., по што дојде и до серија експлозии.

Огнот се прошири од магацинот до соседната зграда и зафати петарди и други направи исполнети со барут, соопшти Службата за итни ситуации.

-Складиштето со пиротехника гори, се слушаат експлозии, изјави очевидец на пожарот за агенцијата ТАСС, додавајќи дека пожарот од магацинот се проширил и на соседната зграда.

Противпожарните екипи пристигнале на лице место, но побарале дополнителни единици, бидејќи пожарот е надвор од контрола.

 

 

Поврзани новости