Неексплодирана граната од Втората светска војна „откопана“ во двор во Романовце

by Fokus

Ц.К. (74) од кумановското село Романовце вчера пријавил дека во дворно место од неговата куќа пронашол стара неексплодирана направа.

Полицајци од СВР – Куманово и пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување извршиле увид по што е ,констатирано дека станува збор за стара рачна и неексплодирана граната од Втората светска војна.

Гранатата е подигната за понатамошна постапка.

Поврзани новости