469
Четири лица загинаа во Бугарија кога товарен воз кој превезувал течен нафтен гас излетал од шините и експлодирал во селото Хитрино, во североисточна Бугарија.
Освен загинатите, има и најмалку 25 повредени лица. Од експлозијата уништени се и 20 објекти кои се наоѓале во околината.
Бугарски медиуми јавија дека некои објекти се уште горат, зафатени од пожарот настанат од експлозијата. Полицијата соопшти дека се евакуираат луѓето од селото.