Експерти за пожари пристигнаа во земјава

by fokus

Во земјава пристигнаа експерти за високо ризични пожари од Франција, од Црна Гора и од САД, информираше Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи. Тој нагласи дека со француските експерти имале конструктивна средба и тие веднаш стапиле во акција.

-Ги однесовме на лице место од тло да го видат пожарот во село Ласкарци, а потоа веднаш по половина час им беше овозможено и од воздух да го разгледаат теренот, за потоа да се организира состанок во Противпожарната Бригада во Скопје, на кој што беа разгледани можности, како, кој методи и кој тактики да се преземат бидејќи пожарот е на исклучително стрмен терен – појасни Бојаровски.

Инаку, моментално има 6 активни пожари – над селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје во Општина Петровец, еден во Прилепско, два во Велешко и на градската депонија во Виница.

Поврзани новости