Ексминистерката Ангеловска пак на чело на Асоцијацијата за е-трговија

by fokus

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, повторно е на чело на Асоцијација за е-трговија на Македонија. Оваа информација Ангеловска ја соопшти на Фејсбук.

-По стапувањето на функцијата министер за финансии, сите тековни ангажмни кои ги имав беа ставени во мирување. Една од нив беше и водењето на Асоцијација за е-трговија на Македонија. Со задоволство и подеднаква пасија и посветеност кон предизвиците, растот и развојот на е-трговијата се враќам како претседател, напиша таа.

Поврзани новости