СДСМ Кавадарци доби мнозинство од советници, Митко Јанчев реагира дека тој и граѓаните се единствениот спас за градот

by Fokus

Независниот советник Ристо Сакалиев од Кавадарци се приклучи кон советничката група на СДСМ и коалицијата.

Во новиот состав на Советот на Општина Кавадарци со тоа, апсолутно мнозинство од десет советници добива коалицијата на СДСМ. Набргу потоа, со своја реакција се јави Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

,,Повеќе од јасно е дека ова здружување е само за лични интереси. Мораме да ставиме крај на овие манипулации и гладни луѓе за власт. Ако дозволиме овој состав на Советот заедно со нивниот градоначалник да ја добие апсолутната власт во Кавадарци, ќе бидеме сведоци на уништување на нашиот град. Јас Митко Јанчев и вие почитувани граѓани сме единствениот спас за Кавадарци’’ – им порача тој на кавадарчани.

Тој ќе ги измери силите на вториот изборен круг во недела, со својот противкандидат Бетиан Китев од СДСМ.

В.К.

Поврзани новости