Денеска ќе сведочат повредените од автобуската несреќа кај Ласкарци

by fokus

Преживеаните од автобуската несреќата кај Ласкарци денеска треба да сведочат за кобнот ден кога загинаа 16 патници, а 37 беа повредени.

На минатото рочиште се произнесуваа правните застапници на дел од оштетените, повеќето претставници на семејствата на починатите патници. Поголем дел од нив се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон, додека сите пред Судот најавија имотно – правно побарување во граѓанска постапка.

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Поврзани новости