ЕК очекува почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што поскоро

by fokus

По изјавата на германскиот министер за надворешни работи дека не треба да се раздвојат Северна Македонија и Албанија во преговарачкиот процес до ЕУ, со сличен став реагираше и Европската комисија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Портпаролката за проширување Ана Писонеро на денешниот редовен брифинг за новинари одговарајќи на прашање го повтори ставот на Европската Комисија.

– Европската Комисија со нетрпение очекува одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро, ова е јасна позиција на Комисијата, но Советот е тој што треба да ги одобри преговарачките рамки што ги поднесовме веќе пред некое време, рече Писонеро.

Таа додаде дека се очекува од португалското претседателство да ги свика конференциите за двете земји што поскоро.

Европската Комисија смета дека двете земји се подготвени да ги започнат преговорите со ЕУ штом земјите членки дадат зелено светло за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција. МИА

Поврзани новости