Повреди на главата се утврдени кај 35-годишната жена која утрово беше пронајдена мртва во Охрид

by fokus

Лекарот од екипата на Службата за итна медицинска помош од Охрид што вршел увид на местото каде утрово беше пронајдено беживотно тело на женско лице констатирал телесни повреди врз главата.

Според информациите од СВР-Охрид, утрово во 8:20 часот С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата.

Екипа на крим-техника на СВР-Охрид извршила увид на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Истрагата и обдукцијата ќе ги утврди околностите и причините за настапувањето на смртта.

Поврзани новости