Едно лице загина во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

by fokus

Триесет и двегодишно лице од Гостивар загина во сообраќајка на магистралниот пат Гостивар-Кичево откако со своето возило се судрил со друг автомобил.

Според МВР, С.П. (32) загинал на лице место, додека 21-годишниот Џ.А. од Дебар, кој управувал со другото возило и сопатниците од двете возила,  М.М.(24), Љ.П.(25) и тригодишно дете, биле пренесени во Ургентниот центар во Гостивар.

По укажаната лекарска помош кај Џ.А. и М.М. констатирани биле тешки телесни повреди и биле препратени во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување, а додека кај Љ.П. и кај детето констатирани биле телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Телото на починатиот било пренесено во  Медицинскиот центар во Гостивар за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости