Удрил мотоциклист и избегал од местото

by fokus

Седумдесет и четиригодишен жител на Чифлик е повреден во сообраќајна несреќа на раскрсницата од улицата „Маршал Тито“ и улицата “Јане Сандански“ во селото.

Како што известуваат од МВР, Т.И. (74) возел со својот моторцикл „Томос АПН“ кога засега непознато возило го удрило и веднаш го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.И. кој по укажана лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости