Едно лице почина во сообраќајка пред ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Скопје

by Fokus

Вчера попладне се случила сообраќајна несреќа пред ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во која починало едно лице, кое било во влошена здравствена состојба, пренесуваат од МВР.

„На 12.04.2021 околу 13.10 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје и патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(50) од Скопје. По незгодата, кај сопатникот во патничкото возило „мерцедес“ Е.М.(70) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и му била влошена здравствената состојба, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, била констатирана смрт без траги од удар од незгодата, додека кај другиот сопатник Б.И.(46) од Скопје и возачот на другото возило Ј.В. биле констатирани телесни повреди. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.

Поврзани новости