Единаесетмина жители на Делчево не биле во самоизолација и го прекршиле полицискиот час

by Фокус

Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево достави предлози за издавање казнени налози со кои опфати вкупно 11 лица.

Како што соопшти Јавното обвинителство, седум лица се обвинети за непостапување по здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

Четворица, како што се наведува во соопштението, пак, се обвинети за истото кривично дело бидејќи не ги почитувале наредбите за спроведување задолжителна самоизолација.

За време на периодот од 14 дена во кој не требало да ги напуштаат своите престојувалишта, обвинетите не биле пронајдени при вршење на контрола. За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2.000 евра во денарска противвредност.​​

Поврзани новости