Единаесет пациенти починаа од корона вирусот во последното деноноќие

by Фокус

Во последните 24 часа, починаа 11 лица заразени со корона вирусот. Притоа, двајца пациенти се од Скопје (85 и 75), еден од Велес (62), двајца од Битола (64 и 74), еден од Кавадарци (71), еден од Гостивар (85), еден од Богданци (64), еден од Струмица (58), еден од Крива Паланка (61) и еден од Радовиш (70). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти од: Скопје-149, Куманово-28, Штип-19, Прилеп-33,  Тетово-19, Велес-24, Битола-21, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-16, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-9, Радовиш-3, Кочани-5, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-11, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-10.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 81.804, бројката на оздравени пациенти е 59.650, на починати е 2.456, а бројот на активни случаи изнесува 19.698 лица.

Поврзани новости