Еден од работниците почина, двајца се во тешка состојба

by Фокус 13:27
13:27

Еден почина, а двајца работници сѐ уште се борат за својот живот откако минатата недела настрадаа во експлозијата во фабриката за пиротехнички материјали во скопско Сопиште. Вчера попладне почина повозрасниот работник на 59 години, додека неговиот 27-годишен колега, кој исто така се лекува во скопската Градската болница сѐ уште е во животна опасност.

Како што инфорираат лекарите тој во моментове на одделот за интензивна нега бидејќи има изгореници на 80 отсто од неговата кожа, кои се доста длабоки а од пожарот повредени му се и дишните патишта. Што се однесува до жената, која лежи на КАРИЛ, според информациите од вчера вечер таа исто така е сѐ уште е во животна опаснот.

- Advertisements -

Експлозијата се случи во четвртокот во фабриката за пиротехника во Сопиште околу 17 часот, по што дошле екипите на Противпожарната единица од Скопје. Пожарникарите помогнале да се извлечат четворицата вработени, од кои тројца беа потешко повредени, а еден поминал со полесни повреди. Немало поголема материјална штета.

Поврзани новости