424
Вчера вечер двајца се повредени, откако возило излетало од улица во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи
„Вчера во 21.15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.“Христијан Тодороски-Карпош“ и ул.’Натанаил Кучевишк’ патничко моторно возило ауди со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Е.(34) од Скопје констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.