Јужна Африка почна истрага по обвинувањата од САД дека руски брод натоварил оружје кај Кејптаун

by Fokus

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса именуваше комисија која ќе ги истражи американските наводи дека руски брод лани наполнил оружје од поморска база во близина на Кејп Таун, соопшти денеска претседателството на земјата.

Американскиот амбасадор во Јужна Африка, Рубен Бригити, на 11 -ти овој месец изјави дека е убеден оти рускиот брод, кој се закотви во поморската база Симонстаун во провинцијата Западен Кејп во декември лани, наполнил оружје од Јужна Африка, но Јужна Африка го негира ова, пренесува Ројтерс.

Рамафоса одлучи да започне истрага поради сериозноста на наводите, обемот на јавниот интерес и влијанието на предметот врз меѓународните односи на Јужна Африка, се вели во соопштението.

Тричлената комисија ќе има рок од шест недели да ја спроведе истрагата.

Обвинувањата предизвикаа дипломатски спор меѓу САД, Јужна Африка и Русија и ја доведе во прашање неврзаната позиција на Јужна Африка за конфликтот во Украина.

Поврзани новости