Двајца нови заразени од Ковид 19 во Сарај, вкупната бројка достигна 41

by Фокус

Општина Сарај има 41 заразен од Ковид 19, откри градоначалникот на оваа општина Блерим Беџети.

-До вчера имаше 39 случаи, денеска имаме уште двајца нови, вкупната бројка е 41. Заразените се од повеќе подрачја од општината – изјави Беџети на денешната прес-конференција.

Тој побара масовно тестирање во оваа општина за да се откријат сите случаи и воедно апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Поврзани новости