Шилегов најави брзо отворање на градинките

by Фокус

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека очекува многу брзо да се зборува за отворање на градинките.

– Анкетите се во тек, во тек е и скринингот кој е една посериозна операција на вработените во детските градинки. Пропишани се протоколите, се адаптираат објектите на ниво на цела држава за да може на посоодветен начин согласно препораките и протоколите од Комисијата за заразни болести, да може дечињата да ги внесеме во системот за детска грижа без опасност за нивното здравје, здравјето на нивните родители и баби и дедовци – изјави Шилегов.

Тој додаде дека овој процес е при крај.

 

Поврзани новости