Владата бара Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба уште две недели

by Фокус

Владата побарала вонредната состојба да се продолжи уште две недели од страна на претседателот Стево Пендаровски, кој ваква одлука се очекува да донесе после денешната седница на Советот за безбедност.

Според неофицијални информации, покрај тоа се очекува да се донесе и одлука за забрана за групирање на повеќе од 20 лица на одреден простор.

Инаку, денеска истекува последниот ден од третата вонредна состојба што ја прогласи шефот на државата Пендаровски на 15 мај во времетраење од 14 дена.

Поврзани новости