Двајца малолетници се истепале пред училиште, едниот завршил во болница

by fokus

Вчера попладне, пред училиште во селото Јурумлери, двајца малолетници физички се пресметале, при што на едниот од нив завршил во болница.

„На 16.10.2019 околу 11.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред училиштето во с.Јурумлери, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу малолетник од с.Јурумлери и друг малолетник од с.Идризово. На малоленикот од с.Јурумлери му била укажана лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување наслучајот“, велат од МВР.

Поврзани новости