Двајца Французи се изгубија на Попава Шапка, полицијата ги најде премрзнати

by fokus

Двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово, денеска околу пладне залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка. По пријавата во полиција, веднаш бил започната потрагата по нив.

-Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскоспасителната служба веднаш започнаa со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силното снежно невреме. Некаде околу 17 часот и 50 минути, тие се пронајдени живи, но премрзнати. Со ратрак се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка, информираат од МВР.

Поврзани новости